Се зголемуваат цените на горивата

Bez autora
Oct 25 2023

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 % во однос на одлуката од 19.10.2023 година.

Од 25.10.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,50 (денар/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 84,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денара/литар)

„мазут М-1 НС“ – 47,174 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,675 денари/кг и сега ќе изнесува 47,174 денар/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,245 %, кај дизелот 3,070 %, кај екстра-лесното масло 3,007 % и кај мазутот зголемувањето е 1,656 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,147 %.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik